Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“, на својот профил на социјалната мрежа Твитер, објави карикатура која предизвика многу реакции и недоумици.
Дали е ова сатира или говор на омраза?
На карикатурата има разурнати згради, под кои е испишано „Земјотрес во Турција! Нема потреба од испраќање тенкови…“
Кога е сатирата во прашање, секој сам треба да донесе суд.
Наше е само да потсетиме на историјата на „Шарли Ебдо’ (Charlie Hebdo, или во слободен превод: Неделникот Шарли). Тоа е француски сатиричен магазин во кој се објавуваат карикатури, извештаи, полемики и шеги.
Списанието е препознатливо по својот тон, со кој не се покажува никаква почит спрема религијата и има строго неконформистички став. Се опишува себеси како силно антирасистичко, антиверско и левичарско.
Списанието беше мета на два терористички напади, еден во 2011 година и втор во јануари 2015 година. Се претпоставува дека овие напади се реакција на објавувањето на голем број на контрoверзни карикатури со пророкот Мухамед.
За време на вториот напад, 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и уредникот Стефан Шарбонје и неколку новинари и карикатуристи.
Ова е најновата критикатура што предизвика реакции:
✏️Le dessin du jour, par #Juin pic.twitter.com/kPcEqZDocO
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) February 6, 2023