ШАМАР ЗА ДОБРЕДОЈДЕ! Од радост ѝ удрил шлаканица на ќерката која си дошла дома после 3 години
Татко од Виетнам ѝ удрил шлаканица на ќерка си која дошла дома по три години студирање во странство за да ја прослави виетнамската Нова година со своето семејство. Видеото предизвикало дебата, а според некои, тоа е сосема нормално во азиските семејства
Виетнамка, која се вратила дома по три години студирање во странство за да ја прослави виетнамската Нова година со своето семејство, стана вирална.
Имено, откако со маска на лицето влегла во домот на нејзините родители, мајката и татко ѝ на почетокот не ја препознале. Таткото ѝ ја тргнал маската од лицето, а кога сфатил дека тоа е неговата ќерка, од изненадување и возбуда ѝ удрил шлаканица. Мајката потоа истрчала кон својата ќерка и почнала да ја гушка и бакнува. Ситуацијата ја снимила надзорната камера, а по објавувањето на Инстаграм започнала дискусија за постапките на таткото на девојката.
Повеќе за ова, како и видеото, побарајте ги на „Мајка и дете“.