СЕЗЕР АГА КАКО ГОРД МАКЕДОНЕЦ НА МАКЕДОНСКИОТ ШТАНД ВО ТОРИНО Ајвар и лутеница, џем од домати и макало од лук и артичока

Натурализираниот охриѓанец Акин Сезер, како дел од екипата на Слоу фуд Охрид на саемот за храна во Торино ги претстави традиционалните македонски производи во негова интерпретација: ајвар и лутеница со халапењо пиперчиња, макало од лук и артичока, џем од чери домати

602

На петтиот и последен ден на Тера Мадре Салон дел Густо 2022 во Торино, Италија беа претставени иновативните производи во делот насловен како „Алхемија на вкусови“. Тука, меѓудругите, се претстави и Акин Сезер, натурализираниот охриѓанец и омилениот охридски зет кој во оваа деценија откако живее во Охрид, стекнал многу пријатели и соработници, а станал и дел од конвивиумот на Слоу фуд во овој град.

На саемот во Торино, Сезер ага, како што милуваат да го нарекуваат неговите македонски пријатели, како горд Македонец ги презентираше традиционалните македонски производи збогатени со необични состојки кои им даваат еден малку поинаков, оригинален вкус и додадена вредност.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини