СЕСТРА НА ПАЛИЈАТИВНА НЕГА ОПИШУВА КАКО ИЗГЛЕДА УМИРАЊЕТО Луѓето кои умираат минуваат низ овие фази
Медицинска сестра која работи на оддел за палијативна нега, издвоила еден од највознемирувачките делови од природниот процес на умирање
Да се изгуби некој близок никогаш не е пријатно искуство и може да биде неверојатно тешко.
За да им понуди мала поддршка на оние кои се подготвуваат за смрт на некој близок, медицинската сестра за палијативна нега Џули Мекфејден објаснила што е „активно умирање“.
Џули (41) на социјалната мрежа Тик-Ток ги објаснила знаците низ кои некој поминува кога умира и што може да биде најстрашниот дел.
Кои се фазите на умирање
Медицинската сестра, која исто така има напишано книга, често споделува видеа за да помогне во „нормализација на смртта и умирањето“ со надеж дека ќе ги олесни стравот и стигмата.
По претходните фази, вклучувајќи „забавување“, „опаѓање на силата“ и „фаза на премин“, Мекфејден објаснила дека процесот на „активно умирање“ е последната фаза пред да умре лицето. „Активната фаза на умирање е она што ги плаши луѓето бидејќи не се навикнати да ја гледаат и не знаат што се случува“, објаснува таа.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.