СЕМКИ ОД ДИЊА: ЗДРАВ ДЕЛИКАТЕС ШТО ГО ФРЛАМЕ ВО ЃУБРЕ Во Индија тие се најскапоцениот дел од ова овошје
Семките од диња се богати со протеини, омега-3 масни киселини, витамини и влакна. Според Ајурведата (традиционална индиска медицина), семките од диња имаат ефект на ладење и се идеални за јадење во текот на летото.
Дињите се нискокалорично овошје кое е богато со витамини и минерали и содржи голем процент на вода, што ги прави идеално овошје за освежување во топлите, летни денови. Но, најздравиот дел од дињата најчесто завршува во ѓубре, бидејќи го отстрануваме и го фрламе. Тоа се семките.
Во Индија семките од диња се најскапоцениот дел од ова овошје и се користат во секој дом. По отстранувањето на внатрешноста, кончестите влакна заедно со семките се сушат на хартија, а потоа, по сушењето, влакната се одвојуваат од семките. По овој процес, семето мора добро да се измие под силен млаз вода, да се исуши и да се складира.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.