СЕМЕЈСТВО ЛЕТУВАЛО ВО ПАРК ВО КОЈ НЕ СЕ ДОЗВОЛЕНИ МОБИЛНИ Дали би издржале вие без својот телефон?
Дали додека сте на одмор сте им посветени навистина на своите деца или сте повеќе преокупирани со тоа да направите подобри фотографии и да ги ставите на социјалните мрежи? Искрено?
Семејството Ролинс го започнало летото со патување во таканаречената Тивка зона. По еден месец работа во смени и постојани вируси кај децата, сопругот на Ана Ролинс изнајмил кабина во државниот парк Ватога во Западна Вирџинија. Се возеле со чамец, ловеле риби и пливале во езерото. После тоа, пешачеле со своите два мали синови по пешачките патеки.
„Кога стигнавме до паркот, видов порака дека мојата пријателка штотуку родила девојче. Напишав поздрав, стиснав „испрати“ и добив порака дека пораката не е испратена“, пишува Ана Ролинс за Инсајдер.
Тогаш сопругот ѝ кажал дека се на место каде што нема сигнал.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.