📽️ СЕКСИ ПОЛИТИЧАРКАТА ПАЈКОВИЌ НА КУРИР ТВ Прекини, навреди и хаос

Жесток ТВ дуел на Курир меѓу Шешељ и Пајковиќ, расправијата премина во лични напади и хаос во живо.

311

Студиото на Телевизија Курир се претвори во арена за вербален дуел, откако црногорската секси политичарка Мирјана Пајковиќ и Војислав Шешељ влегоа во жестока расправија која брзо излезе од контрола.

Наместо класична политичка дебата, гледачите добија сцена што повеќе наликуваше на естраден конфликт отколку на аргументиран разговор.






Искрата ја запали Пајковиќ, која директно го нападна Шешељ за неговата политичка реторика, обвинувајќи го дека со години ја труе јавноста со провокации и си радикални ставови. Таа отворено му порача дека неговите настапи се „пример како не треба да изгледа политичар во 21 век“.

Шешељ не остана должен – возврати дека таа „нема кредибилитет да му држи лекции“, нарекувајќи ја „медиумски производ“ и „провокатор кој живее од скандали“.

Разговорот за неколку минути се претвори во хаос. Двајцата постојано се прекинуваа, зборуваа еден преку друг и си дофрлаа реплики без ред. Во еден момент, Шешељ ја обвини дека намерно го прекинува за да го дискредитира, додека Пајковиќ му возврати дека тој „бега од суштината“ и дека неговата политика одамна е надмината.

Најжестокиот момент дојде кога расправијата премина на личен терен. Шешељ ја доведе во прашање нејзината професионалност, а таа возврати со директни критики за неговото политичко минато и јавни настапи.

Атмосферата во студиото стана толку напната што водителот неколкупати се обиде да ги смири, но без успех – ниту еден не беше подготвен да попушти.

Сцените од емисијата експресно се проширија на социјалните мрежи, каде што предизвикаа лавина реакции. Дел од јавноста го оцени настапот како „срам за телевизија“, додека други го гледаа како уште еден доказ дека политиката во регионот сè повеќе се претвора во шоу.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kurir.rs (@kurir.rs)

Мирјана Пајковиќ во јавноста е позната не само по своите медиумски настапи, туку и по серија контроверзии што ја претворија во еден од најекспонираните естрадно-политички ликови. Нејзиното име силно одекна по објавувањето на спорни експлицитни снимки кои се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа лавина реакции, а таа самиот случај го претстави како обид за дискредитација. Дополнително го засили вниманието кога најави формирање на политичка партија со провокативната кратенка СЕКС, објаснувајќи дека станува збор за симболичен и маркетиншки потег со кој сака да привлече внимание кон, како што тврдеше, „нов тип на политичка комуникација“.

Војислав Шешељ е долгогодишен српски политичар и лидер на Српската радикална партија, познат по својата остра националистичка реторика и контроверзни јавни настапи. Тој беше обвинет и суден пред Хашкиот трибунал за воени злосторства, каде помина повеќе од една деценија во притвор, по што се врати во Србија и продолжи со активна политичка и медиумска кариера, често предизвикувајќи реакции со провокативни изјави.

Поврзани содржини