СЕКС СКАНДАЛ ВО ПАРИЗ Француски сенатор дрогирал пратеничка со екстази со намера сексуално да ја искористи

Жената која го пријавила сенаторот Жоел Гериу во полиција била член на Долниот дом на Парламентот. Таа не била во врска со сенаторот. Ѝ се слошило откако испила од чаша во домот на Гериу. Медицинските тестови кај жената откриле присуство на екстази.

331

Француски сенатор е уапсен и сослушан под сомнение дека дрогирал пратеничка со намера да ја силува или сексуално да ја нападне, пишува „Гардијан“.

Жоел Гериу (66), политичар oд десниот центар од партијата Лес Индепендантс, беше уапсен оваа недела во неговиот дом во Париз, кој беше претресен заедно со неговата канцеларија.






Француското обвинителство соопшти дека Гериу, сенатор на регионот Лоара-Атлантик, е испрашан поради „давање на лице, против нејзино знаење, супстанца што може да ја промени способноста за расудување или самоконтрола за да се изврши силување или сексуален напад“. Наводниот инцидент се случил во вторникот вечерта.

Жената која ja поднела пријавата во полицијата, како што јави француска новинска агенција, била член на Долниот дом на Парламентот, Националното собрание, но таа не е именувана и обвинителството не дало никакви информации за неа.

На жената наводно и се слошило откако испила од чаша во домот на Гериу. Таа не е во врска со сенаторот. Обвинителите соопштија дека медицинските тестови на жената откриле присуство на екстази. Дрогата била пронајдена при претрес на куќата на сенаторот

Максималната казна за овој прекршок е 5 години затвор и парична казна од 75.000 евра.

АФП објави дека жената која ја поднела жалбата во полиција е член на Долниот дом на парламентот, Националното собрание, но не е именувана и обвинителството не објави никакви информации за неа.

Гериу, банкар, беше избран во Сенатот во 2011 година и е потпретседател на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили.

„Ние сме многу далеку од непристојното толкување што може да се заклучи од првите медиумски написи“, рече неговиот адвокат.

Тој изрази лутина што елементи од истрагата се појавија во француските медиуми и рече дека нема да објави „никакви информации“ за случајот „од почит“ кон неговиот клиент и кон жената која ја поднела жалбата.

Поврзани содржини