СЕКОИ 5 МИНУТИ УМИРА ОД ГИНЕКОЛОШКИ КАРЦИНОМ ПО ЕДНА ЖЕНА ВО СВЕТОТ Неопходно е подигнување на свеста за важноста на репродуктивното и сексуалното здравје
Во делот на статистиката би кажал дека регистрацијата на карциноми во Македонија е на незадоволително ниво и не може со сигурност да кажеме ниту околу бројката ниту околу типот на карциноми кои постојат. Одамна се зборува за формирање национален систем на карциноми, меѓутоа очигледно е потребна систематска активност со цел да се реши проблемот, вели професорот д-р Глигор Тофоски од Медицинскиот факултет во Скопје.
Регистрацијата на карциноми во Македонија е на незадоволително ниво, поради тоа сè уште не постојат конкретни податоци околу бројот на заболени лица со гинеколошки карциноми во државава.
Ова беше истакнато на денешната прес-конференцијата по повод Светскиот ден за гинеколошките карциноми, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, а на која учествуваа еминентни доктори меѓу кои професорот д-р Глигор Тофоски од Медицинскиот факултет во Скопје, проф. Жан Калеја Агуис од Медицинскиот универзитет од Малта, проф. Шерон О’Тул од Даблин и проф. Клејда Харасани од Албанија.
Професорот Тофоски рече дека очигледно е потребна систематска активност со цел да се реши проблемот со регистрацијата во државава.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.