СЕКОЈ ВТОР СО ОМИКРОН НЕ ЗНАЕ ДЕКА Е ЗАРАЗЕН Вирусот сега е помалку опасен, ама се шири неконтролирано

Наодите на студијата ги поддржуваат поранешните податоци од целиот свет, кои сугерираа дека за време на пандемијата, од 25% до 40% од инфекциите со САРС-КоВ-2 биле асимптоматски.

952

Повеќе од половина од луѓето, 56%, кои се заразени со варијантата Омикрон, не се свесни за нивната инфекција, заклучува една мала научна студија за која пишува британски Тајм.

Тоа е добра вест, на некој начин, бидејќи го нагласува фактот дека Омикрон има тенденција да предизвикува релативно благи симптоми (или воопшто да нема симптоми) кај вакцинираните луѓе. Негативната страна е што многу луѓе веројатно ненамерно го шират вирусот.






Истражувачите откриле дека 56% од луѓето во студијата кои биле позитивни на тестот не биле свесни дека биле заразени, или затоа што не доживеале никакви симптоми на ковид-19, или чувствувале само благи симптоми што ги припишуваат на настинки и алергии.

Наодите на студијата ги поддржуваат поранешните податоци од целиот свет, кои сугерираа дека за време на пандемијата, од 25% до 40% од инфекциите со САРС-КоВ-2 биле асимптоматски, што претставува предизвик за службениците во јавното здравство кои се обидуваат да го контролираат ширењето на вирусот.

Поврзани содржини