СЕКОЈ ШТО МИСЛИ ДЕКА ПУТИН ЌЕ ГО НАПРАВИ ЗАПАДОТ ПОВТОРНО ГОЛЕМ Е НАИВЕН Анализа на Борис Буден на војната во Украина
Буден зборува за војната на Русија против Украина и кризата во односите помеѓу Русија и Западот, со која завршува една и почнува нова, поопасна ера во меѓународните односи.
Филозофот и публицист Борис Буден, еден од најзначајните интелектуалци од овие простори, во интервју за порталот Градски.ме, а кој го објави Окно, зборува за војната на Русија против Украина и кризата во односите помеѓу Русија и Западот, со која завршува една и почнува нова, поопасна ера во меѓународните односи.
Буден докторирал на берлинскиот универзитет Хамболт, по што останал да живее и работи во Берлин, еден од главните интелектуални центри на денешна Европа. Објавува на англиски и хрватски јазик. Разговорот го води Денис Ромац.
– …Слабеењето и назадувањето на Европа, односно западот, вклучува и губење на моќта односно пад на влијанието на Соединетите држави кое почна уште во седумдесеттите и не беше запрено со распадот на Советскиот сојуз, односно со победа во Студената војна. Напротив, дури е и забрзано, како што тврди Имануел Волерстин. Тоа особено треба да се нагласи денес, не само затоа што руската окупација на Украина е еден од симптомите на слабоста и пропаѓањето на западот – не пропаѓање во спенглеровска, цивилизациска смисла, туку во смисла на терминална криза на неолибералниот капитализам и либералната демократија – туку и затоа што сме подложни на илузијата дека оваа ненадејна слога и единство на западот, предизвикани од руската агресија на Украина, се израз на некои негови иманентни квалитети, внатрешна способност за самообнова и ренесанса. Секој што мисли дека Путин со својата суицидална глупост ќе го направи западот повторно голем е наивен – вели Буден.
Целото интервју прочитајте го на Окно.