СЕКОЈ ОД НАС ТРЕБА ДА СИ ИМА БАНКАР – БАНКАР ЗА СЕМЕ! Сезер Акин фрла „бомби“ и споделува органски семиња, без банкарска камата

Здравата храна почнува од семето, порачува Сезер Акин, производител на органски зеленчук и разни специјалитети и деликатеси во необични комбинации и ги повикува сите собирачи и одгледувачи на автохтони семиња да ги разменуваат меѓусебе и да им дадат нова шанса на старите семиња. Патем, тој има и нови необични производи – мармалади од џунџулиња и од булки

348

Денес сите зборуваме за тоа колку е загадена почвата, воздухот, водата, колку храната што ја јадеме е полна со хемија и колку е стресно нашето секојдневје. Повеќето од нас се депресивни, разочарани, осамени, но понекогаш, меѓу оние околу нас, ќе се најде и некој што онака од нигде никаде, без никаква причина или очекување, од срце, џентлменски, ќе ви подари навидум мал, подарок за кој вели дека не го чини ништо и ќе ве израдува како да ви го подарил светот.

Станува збор за нашиот пријател од Слоу фуд Охрид, Турчинот Сезер Акин, родум од турскиот град Ајдин, а од пред нешто повеќе од една деценија, жител на Охрид и охридски зет, кој освен што одгледува органски зеленчуци и прави традиционални специјалитети со необични додатоци, реши да ги сподели и неговите грижливо собирани семиња со стотина луѓе заинтересирани да си засадат своја градина, но и да расфрли по некоја бомба со семе на празните и неискористени парчиња земја.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини