„СЕКОЈ НИВНИ РОДЕНДЕН МЕ ПОТСЕТУВАШЕ НА ТОА ДЕКА СЕ ПОБЛИЗУ ДО СМРТТА“ Исповед на мајка на која двајца синови ѝ починале од иста болест
Животот е најскапоцениот и најубавиот подарок, па дури и кога е сè лошо. А во животот на нашата соговорничка се случило најлошото – двајцата синови кои боледувале од Дишенова мускулна дистрофија, починале на 21 година, едниот во 2014, а другиот три години подоцна, во 2017.година. И по сето ова, таа продолжува да гледа на животот како на полуполна, а не како на полупразна чаша. Впрочем, минатото не може никој да ѝ го одземе. Нејзините синови ги чува во срцето, засекогаш!
Надица Георгиевска, денес Ангелеска, беше девојче од мое одделение, од прво до осмо – 8г. Не се дружевме многу, но откако неодамна воспоставивме контакт, почнаа како од магла да ми излегуваат еден по еден различни спомени од тој период. Иако, беше тоа навистина многу одамна, дури ми е страв да ја напишам бројката, но беа тоа далечните 80-ти години од минатиот век.
Што памтам за Надица? Памтам дека нејзините родители беа постари од сите други родители, па ние мислевме дека ѝ се баба и дедо. Знам точно во која барака во Тафталиџе 1 живееше, а знам и дека кога бевме многу малечки, можеби второ одделение, во некој момент сум ја видела облечена во црнина, дури имам некоја слика во главата дека била и со црна марама, што би било навистина чудно за толку мало девојче. Кога сега зборувавме за тоа ми кажа дека мајка ѝ не ѝ дозволувала да носи црнина кога на 17 години починал Кире, еден од нејзините двајца постари браќи, но вели дека не е невозможно да била облечена така ако сум ја видела можеби на денот на погребот. Ништо чудно, со оглед на тоа што Надица живееше веднаш зад оградата на нашето училиште од кадешто често излегувавме на одморите. Памтам и дека во четврто одделение почина девојчето кое ѝ беше најдобра другарка, нашата соученичка Виолета Галабова која ја згази автомобил додека ја поминуваше тогашната улица „Иво Рибар Лола“ одејќи накај училиште или враќајќи се дома.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.