ЗИНИ ДА ТИ КАЖАМ Секој човек чува по пет тајни

Според истражувањето секој човек има пет тајни кои не би му ги открил никому.

177

Професорот на Универзитетот Колумбија, Мајкл Слепјан и неговите колеги спроведоа студија во која учествуваа три групи од 200 испитаници кои одговараа на прашања за тоа дали чуваат тајни за некои општи работи како лажење, употреба на дрога, кражба и сексуално неверство. Истражувачите дошле до заклучок дека секој човек во просек чува по 13 тајни, од кои пет не би ги открил никому.

Сепак, тоа не е сѐ. Вашите тајни може да направат да чувствувате ментална тежина, но една студија сугерира дека тие се повеќе од тоа.






Имено, раководителот на истражувањето, професор Слепјан изјавил дека кога испитаниците размислувале за своите тајни, „всушност се однесувале како да се оптоварени со физичка тежина“. Овој силен ефект се случил дури и кога испитаниците не криеле никакви тајни. Најновото истражување, всушност, забележува дека нашиот ум постојано се обидува да ги реши проблемите или да постигне цели кои допрва треба да се постигнат. Но, тајната е цел што никогаш не може да се постигне. Слепјан ги опишува тајните како „мали глодари во умот кои не се повлекуваат кога ќе ги удрите“.

Професорот Слепјан се надева дека ова истражување ќе успее да им го олесни на луѓето чувството на тежината што им го создаваат тајните, бидејќи дури и ако не ги криете активно, размислувањето за нив дополнително ги комплицира работите. Впрочем, 13 тајни не е мала работа.

Поврзани содржини