СЕКОЈ ЧАС СЕ УБИВААТ НАЈМАЛКУ ПЕТ ЖЕНИ ИЛИ ДЕВОЈЧИЊА Најголемата опасност ги демне таму каде што треба да се најбезбедни
Резултатите од извештајот на агенцијата на Обединетите нации UNODC и UN Women покажуваат дека околу 56 отсто од жените и девојчињата биле убиени од страна на интимните партнери или на други членови на семејството (45.000 од 81.000) во текот на минатата година. Податоците исто така покажуваат дека во текот на изминатата деценија, вкупниот број на фемициди, убиства на жени само затоа што се жени, остана главно непроменет.
Во пресрет на Меѓународниот ден против насилството врз жените (25 ноември), објавени се резултатите од истражувањето за 2021 година, кои не потсетуваат на најраспространетиот облик на кршење на човековите права во светот – насилството врз жените и девојчињата.
Резултатите од извештајот на агенцијата на Обединетите нации UNODC и UN Women покажуваат дека, во просек, повеќе од пет жени или девојчиња биле убивани секој час од нивните партнери или други членови на семејството во 2021 година.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.