СЕКОЈА ЦИГАРА ГО СКРАТУВА ЖИВОТОТ ЗА 17 ДО 22 МИНУТИ Само една недела непушење може да спречи губење на цел ден од животот

Проценките на експертите кои укажуваат дека секоја цигара во просек води до 20 минути загуба на живот кај двата пола, се засновани на најновите податоци од долгорочните студии кои го следат здравјето на населението.

218
Пушачите се предупредуваат да се откажат од својата навика во новата година бидејќи најновото истражување покажало дека мажите губат 17 минути од животот со секоја испушена цигара, додека на жените им се скратува животот за 22 минути.
Ова е повеќе од претходните проценки кои сугерираат дека секоја цигара го скратува животот на пушачот за 11 минути.
Проценките на експертите кои укажуваат дека секоја цигара во просек води до 20 минути загуба на живот кај двата пола, се засновани на најновите податоци од долгорочните студии кои го следат здравјето на населението.
Истражувачите од University College London велат дека штетата предизвикана од пушењето е „кумулативна“ и колку побрзо лицето престане да пуши и колку повеќе цигари избегнува, толку подолго ќе живее.
Новата анализа, нарачана од британското Министерство за здравство и социјална грижа, сугерира дека ако пушач кој пуши 10 цигари дневно би престанал да пуши на 1 јануари, до 8 јануари би можел „да спречи губење на цел ден од животот“.
До 20 февруари неговиот живот би можел да биде продолжен за цела недела, а доколку се откажат од пушењето до 5 август, веројатно ќе живеат цел месец подолго отколку кога би продолжиле со лошата навика.
Авторите додаваат: „Истражувањето сугерира дека пушачите обично губат приближно ист број здрави години како и вкупни години од животот.
Така, 60-годишен пушач обично ќе има здравствен профил на 70-годишен непушач. . Анализата, која ќе биде објавена во Journal of Addiction, заклучува:
„Проценуваме дека, во просек, пушачите во Британија кои не престануваат да пушат губат приближно 20 минути животен век за секоја цигара што ја пушат“.
Експертите велат дека откажувањето од пушење на која било возраст е корисно, но „колку побрзо пушачите се симнат од овој ескалатор на смртта, толку подолг и поздрав живот можат да очекуваат“.
Поврзани содржини