📽 СЕГА ЗНАЕМЕ ДЕКА ПОСТОИ ОСМИОТ КОНТИНЕНТ Зеландија е под вода, а некогаш ги поврзувала Австралија и Нов Зеланд

Колку е голема Зеландија? Приближно колку денешна Индија.

1,436

Осмиот континент, покрај сегашните седум на планетата Земја постоел, а потонал во морето пред околу 23 милиони години, пишува ИФЛ Наука. Целата работа се случила околу 60 милиони години откако претходно се расцепи суперконтинентот Гондвана. А сега, конечно имаме снимка за тоа како изгледа осмиот контитент – тој некогаш ги поврзувал Австралија и Нов Зеланд и затоа го нарекоа Зеландија.

Во нова студија геолозите тврдат дека успеале да ги мапираат седиментите и карпите од составот на копното.






Како беше откриена Зеландија? Па, геолозите веќе некое време знаат дека составот на Нов Зеланд и Нова Каледонија има слична геологија. Но, како да имаше нешто повеќе во приказната. Всушност, Зеландија беше теоретизирана уште во 2017 година. Сега знаеме дека тоа што кората на овој некогашен континент не е толку дебела како на сегашните континенти, тоа не значи дека не може да се класифицира како еден од нив.

Колку е голема Зеландија? Приближно колку денешна Индија.

„Големите географски промени низ северна Зеландија, која е приближно иста како Индија, имаат импликации за разбирање на прашањата како на пример како растенијата и животните се распрснале и еволуирале во јужниот дел на Пацификот“, напиша Руперт Сатерленд, коавтор на студијата во 2017 година.

Тој прв ја нареча Зеландија континент. А најинтерсното, според него, е што животните и растенијата дури и од она прво копно Гондвана преживеале и денес се распрснати по познатите континенти: Европа, Азија, Африка…

„Откривањето на минатото земјиште и плитки мориња објаснува многу нешта. Значи постоел пат за движење на животните и растенијата“, вели тој за новооткриеното копно кое сега е под нивото на океанот.

Поврзани содржини