СЕДИНА СО ПЕСНА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Погледнете како една храбра девојка шири ведрина и оптимизам во болницата во Сараево
Седина Мухибиќ алијас Seddina Bosna е девојка која привлекува огромно внимание на социјалните мрежи, иако за себе вели дека не е инфлуенсерка, никогаш на рекламира ништо, не заработува од своите објави и само се забавува.
За жал, таа по трет пат се бори за живот во болница во Сараево. Нејзиниот живот е загрозен како последица на ковид-инфекција.
Животната приказна на Седина никого не остава рамнодушен. Била напуштена како бебе, како дете израснала во СОС детско село, магистрирала педагогија, поранешна скијачка е, а до крајот на 2022 година, кога е направена една репортажа за неа, поминала речиси 1000 дена во болница. Сега, таа повторно е во болнички кревет.
Во нејзините објави на Фејсбук оваа девојка со нескртлив дух малку зборува за нејзината комплицирана дијагноза, а и болниците во Турција и во Швајцарија не се согласуваат во оценките. Седина морала да го продаде и својот стан, кој никогаш не го видела, само за да си го плати лекувањето. За неа се собирани донации, а повеќе медиуми во 2021 и 2022 година ѝ доделиле признанија за храброст.
Во тетките моменти на слабост, кога песните што ги постора на социјалните мрежи ги заменува со зборови, Седина сведочи колку навистина ѝ е тешко. Во една таклва објава на Фејсбук, таа пишува:
„Кога ќе легнеш, заблагодари се што си здрав, се друго е небитно, верувај. Вака изгледа додека го чекам добар понеделник за да излезам од болница… Тага и мој голем пораз е што најголема среќа и задоволство чувствувам само кога имам висока температура и големи кризи. Тогаш немам поим колку е часот, дали е ден, ништо, само спијам, сѐ боли и супер е… Просто, што и да е, каков и да е ризикот, не ми е важно и сакам само слобода, куќа, воздух, мир, пријатели, прошетка. Но, ако смртта е дар од драгиот Алах за искрен верник на овој свет, зошто сите се трудат за долг живот. Луѓето се изморија, јас се изморив, сите полека се повлекоа. Се трудам да ги разберам, но не им е така лесно. А јас… се чувствувам ужасно. Останав без оние кои ми се најголеми поддржувачи. Ова дополнително ме навредува. Се прашувам дали ме сожалиле, за нивна корист или навистина се грижат. Не требаше да ги оставам да бидат дел од мојот живот . Сега сето ова ме потсетува дека на крајот на краиштата сум сама и треба да го слушам очигледно само срцето. Така сум најсреќна. Исклучете ги емоциите. Некои сакаат да станам нешто што не ми се допаѓа и од кое бегам. Не сакам да бидам ничија тетка. Не сакам да болам, ЦВК, браонили, боцкања, тешки прегледи, лекови, будење во секое време, удирање, светло насекаде, врескање, плачење, болка, изнудувања, понижувања, катастрофи од разни видови на кои сум сведок четири години. Само сакам да бидам во мир. Во неговата романтична куќа. Добра ноќ од Сараево“.
Седина има пријатели, фанови, поддржувачи. Но, она што плени е нејзиниот дух, нејзините караоке песни во болничкиот кревет, со кои шири ведрина и опттимизам околу себе. Можеби тоа најдобро го покажуваа ова видео, на кое таа пее покрај болничкиот кревет на повозрасна болна жена, која не може ни да зборува, но на рефренот на песната што очигледно ја препознава, таа ја крева раката и „пее“ молчешкум заедно со Седина. Погледнете ја оваа сцена на следниот ЛИНК.
Еве уште две видеа од оваа храбра девојка:
На Седина, како и на сите луѓе што празниците ќе ги поминат во болница, им посакуваме здравје и весели денови.