СЕ ЗАЉУБИЛ ВО МОНАХИЊА, ПА ПОБЕГНАЛ ОД МАНАСТИРОТ Најлудите изјави на легендарниот Ќиро Блажевиќ

Тој е толку многу левак што десната нога ја користи само за да може да се качи во автобус - изјави Блажевиќ за Калстром.

1,101

Легендарниот хрватски фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ денеска се одјави од овој свет, но неговите спектакуларни изјави вечно ќе се паметат.

Ќиро, сам по сам беше легенда. Сите го сакаа, без разлика на сите негови маани. Беше јак на уста, а кога ќе кажеше нешто – кажано беше.






Во негова чест, се обидовме да ги собереме неговите најинтересни анегдоти и изјави:

– Злато мое, многу ми беше ладно, сета среќа што не се помочав – одговори Ќиро Блажевиќ на новинарското прашање: зошто толку многу скокавте покрај клупата?

– Нема ништо подобро од новинарството. Имаш власт, им ја пиеш крвта на луѓето со сламка, па уште и добиваш пари за тоа – изјави за НОВА ТВ во Португалија.

– Тајната е тајна додека случајно или неслучајно не ја дознае Ќиро Блажевиќ. Тогаш веќе станува сензација – изјави тој во моментот кога во Динамо му соопштија дека Манџукиќ оди во Манчестер Сити за 22 милиони евра.

– Тој е толку многу левак што десната нога ја користи само за да може да се качи во автобус – изјави Блажевиќ за Калстром.

– 6:0 е голем резултат, но некако може да се издржи. Сепак, 7:0 е посебна бламажа – рече Ќиро по победата на Аргентина над Србија и Црна Гора.

– Најголемиот порок ми е пи*ка. Вагината, да бидам малку културен, е чудна работа. За неа се воделе војни, се губеле глави. Додека не дојде до тоа парче месо, човек може да полуди. По консумацијата обично почнува да се кае. А затоа и настанала онаа стара народна поговорка „после е*ење нема каење“.

– Мајка ми сакаше да бидам свештеник. Ја послушав и заминав во манастир. Таму сретнав преубава монахиња, се викаше Аурора. Кога ја видов, хашимага (асоцијација за машки полов орган) веднаш скокна. Тогаш си реков на себеси, Ќиро, ова не е работа за тебе, секој ден мораш да плакнеш очи и да го секираш хашимага, а не смееш да ја правиш онаа работа. Побегнав од манастир.

– Потентните мажи мораат да „шараат“ на страна. Тоа им е еден вид тренинг за натпреварот со својата сопруга. Дали има полоша работа од тоа да ја е*еш својата жена и да броиш туѓи пари? Јадете грав секој ден, па да видиме дали нема да ви здосади.

– Правев операција на простатата. За време на оперативниот зафат може да настрада нервот кој е многу важен за секс. Ми беше страв. Лекарот ми даде некакви капсули за стимулација. Во истот момент кога ја испив првата капсула, хашимага ме потсети на периодот од неговата младост и неговото дивеење. Тоа е единствениот афродизијак што сум го користел во животот. Ќиро е 100% потентен.

Поврзани содржини