СЕ ВРАЌА ЛИ ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА? Харари за изборот меѓу војна и мир во Украина

„Секој што сака да види како е да се живее во џунгла, нека погледне во Русија на Путин“, пишува израелскиот историчар, автор на три познати светски бестселери кои се попларни и во Македонија.

600

Законот на џунглата го обликуваше светогледот на многу луѓе, во Русија и во странство. Судејќи според руската пропаганда, се чини дека ништо во светот не се променило од 1941, 1812 или 1709 година и дека Хитлер, Наполеон или Карло XII во секој момент ќе тргнат во нова инвазија на Русија.

Дали историјата може да ни пружи нешто друго освен нејзино повторување? Дали човештвото мора засекогаш да го почитува законот на џунглата и да повторува стари трагедии без да менува ништо освен пејзажот?






Дали Германија во 2022 година е иста како Германија во 1941 година? Тие што мислат така не биле скоро во Берлин. Во денешна Германија луѓето повеќе се заинтересирани за јога, за добра храна и за патувања отколку за воени освојувања. И не само тоа. Има добри причини да се верува дека благодарение на технолошките, економските и на културните фактори, во последните децении човештвото успеа да го елиминира законот на џунглата и да го промени значењето на зборот „мир“.

(…)

Затоа, кога денес една земја се обидува да освои друга, сите треба да бидеме загрижени. Ако повторно стане прифатливо силните држави да ги проголтаат послабите соседи, ќе се промени и начинот на кој светот размислува и се однесува.

Првата последица од враќањето на законот на џунглата ќе биде зголемување на воените трошоци на сметка на сѐ останато. Наместо за наставници, за медицински персонал и за социјални работници, парите ќе се трошат на тенкови, на ракети и на сајбер технологија.

Секој што сака да види како е да се живее во џунгла, нека погледне во Русија на Путин. Русија е најуспешната воена сила на 21 век, таа излезе како победник од сите конфликти во кои учествуваше, од Сирија до Крим, но нејзините граѓани имаат низок животен стандард. Таа е богата земја со сиромашни граѓани. Дали повеќе би сакале да живеете во Москва и да користите руските здравствени услуги или да уживате во финските во Хелсинки?

(Дел од статија на Јувал Ноа Харари, израелски историчар, автор на популарните бестселери „Сапиенс“, „Хомо деус“ и „21 лекција за 21 век“, објавена во магазинот Haaretz. Статијата ја преведе Пешчаник и во целост може да се прочита на следниот ЛИНК).

Поврзани содржини