СЕ ВЕРИЛЕ ВО ЧЕРНОБИЛ, ГИ ЧЕКА НУКЛЕАРЕН БРАК Кој вели дека веќе не постои романтика?
Од Инстаграм-постот се гледа дека девојката се вика Олга, а мажот има прекар „Чарли Танго“, а тие двајцата се основачи на турите во Чернобил кои се направени за луѓе ентузијасти кои сакаат да одат на опасни места. Според постот, тие се вериле во „Оддел 4“ од напуштената нуклеарна централа.
Љубовна двојка решила да го овековечи моментот на нивната свршувачка токму на местото кајшто пред 35 години се случи трагичната нуклеарна несреќа во Чернобил, а фотографија од свечениот миг беше објавена на Инстаграм. Но, тие не се кои било дечко и девојка, туку туристичките водичи кои прават тури во градот Припјат во Украина под името „Загадена зона“, пишува Футуризам.
„Им посакувам и на двајцата прекрасен полуживот“, им честитал еден човек под сликата, иронично мислејќи на ураниумот чии атоми се полураспаѓаат кога оддава радијација.
„Се прашувам дали има некаков резултат од ова“, се пошегува еден друг обожавател на социјалните мрежи.
Од Инстаграм постот се гледа дека девојката се вика Олга, а мажот има прекар „Чарли Танго“, а тие двајцата се основачи на турите во Чернобил кои се направени за луѓе ентузијасти кои сакаат да одат на опасни места. Според постот, тие се вериле во „Оддел 4“ од напуштената нуклеарна централа. Да им посакаме среќен брак во иднина!