СЕ УДАВИЛО ДЕТЕ ВО БАЗЕН НА ОСТРОВОТ ВИР Што треба да знаете за да го избегнете најлошото!
Децата секогаш треба да бидат надгледувани кога се во близина на вода бидејќи може да се удават во изненадувачки мали количини, дури и во само неколку сантиметри!
Летото и сезоната на пливање се во полн ек и, за жал, често од различни страни на светот доаѓаат тажни вести за удавени деца. Овојпат ваква вест доаѓа од островот Вир во Хрватска, каде што во базен се удавило дете на возраст од 3 до 4 години.
Се обиделе да го реанимираат, било однесен во Итна помош, но за жал, немало начин да се спаси.
Затоа постојано предупредуваме кога со своите деца поминувате време на плажа, море, езеро, река или на базени, секогаш следете ги овие правила:
Децата секогаш треба да се надгледуваат кога се во близина на вода бидејќи може да се удават во изненадувачки мали количини, дури и во само неколку сантиметри.
Никогаш не ги оставајте сами ниту во када, ниту на кратко.
Бидете внимателни кога играат околу базени или рибници кои треба да имаат безбедносни огради.
Давењето може да се случи брзо и тивко (за разлика од начинот на кој се прикажува во филмовите) и предизвикува застрашувачки број на смртни случаи секоја година.
Откако ќе уживате во водена игра со вашите деца, веднаш испразнете ги садовите и кофите со вода.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.