🎥 СЕ СМЕШКАШЕ ДОДЕКА ЈА КИДНАПИРАА ТЕРОРИСТИТЕ ОД ХАМАС Ослободената баба сега ја раскажа својата приказна

Не сакав да им го дадам задоволството да видат дека се плашам. Не пуштив една солза - вели 85-годишната старица Јафа Адар.

886

За време на бруталниот напад врз Израел на 7 октомври, терористите на Хамас убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 200. Меѓу киднапираните цивили беше и 85-годишната Израелка Јафа Адар.

Таа беше ослободена за време на размена на заложници за палестински затвореници, а сега ја раскажа својата приказна за заробеништво во Газа. Снимката од разговорот со храбрата баба ја објави израелското Министерство за надворешни работи.
За време на киднапирањето, членовите на Хамас се пофалија со видеото од злосторството на социјалните мрежи. На видеото се гледа Јафа Адар како насмеана седи меѓу терористите на Хамас во автомобилот со кој ја возеле до Газа.






-Не сакав да им го дадам задоволството да видат дека се плашам. Нема да дозволам да ме скршат. Сакам моите деца и внуци, кога ќе го видат видеото, да се гордеат со мене. Не пуштив една солза – вели 85-годишната старица.

Поврзани содржини