СЕ СЕЌАВАТЕ НА 1983? ИМАМЕ ДОКАЗИ ЗА ЦЕВКАТА Десната рака на Путин го спореди Северен Тек со случајот во Никарагва
Патрушев истакна дека целта на САД е „обезбедување стратешка и економска супериорност над алтернативните центри на моќ“ , иако сојузникот на Вашингтон, ЕУ сама страда од своите политики. Според него, САД го заменуваат рускиот природен гас со својот поскап течен природен гас, додека блокот се движи да ја одвои својата економија од руските енергетски извори.
Русија има доказ за тоа дека САД стојат позади експлозиите во цевките на Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, а инцидентот е сличен со нападот врз нафтената инфраструктура на Никарагва во 1983 година. Вака смета првиот човек на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев. Според Патрушев, кој е најсилниот кандидат за наследник на Путин и негова „десна рака“, Американците имаат најголема економска корист од прекинување на гасоводот и имаат доволно документи за да можат да ги таргетираат цевките, јавува РТ.
– Речиси од првите минути по објавувањето на веста за експлозиите Западот започна активна кампања за префрлање на вината. Но, очигледно е дека примарен корисник, пред сѐ во економска смисла, беа САД – рече во петокот Николај Патрушев.
Патрушев потоа го спомна инцидентот во Никарагва во Пуерто Сандино. Во тоа време Американската шпионска агенција обезбеди и глисери за рацијата, објасни извор од ЦИА, јавува Асошиејтед прес.
Операцијата беше дел од „валканата војна“ на администрацијата на Реган против Никарагва, која подоцна доведе до скандалот Иран-Контрас. Тајната продажба на оружје на ЦИА на Иран за финансирање на милитантите од Латинска Америка беше разоткриена во 1986 година.

Патрушев ги даде забелешките на состанокот со колегите безбедносни функционери од поранешните советски земји.
– Се чини дека е неопходно да ги координираме нашите напори за разоткривање на организаторите и извршителите на ова злосторство, поставувајќи добар пример за ефективна соработка – им рече тој на своите колеги.
Тој истакна дека целта на САД е „обезбедување стратешка и економска супериорност над алтернативните центри на моќ“ , иако сојузникот на Вашингтон, ЕУ сама страда од своите политики. Според него, САД го заменуваат рускиот природен гас со својот поскап течен природен гас, додека блокот се движи да ја одвои својата економија од руските енергетски извори.
Истекувањето во двата гасоводи Северен тек првпат беа откриени во понеделникот, кога притисокот во подморските врски што директно ја поврзуваат Русија со Германија драстично се намали. Нафтоводите очигледно биле пробиени со експлозиви, а експлозиите биле откриени од сензорите за земјотрес во Шведска.
Москва го нарече инцидентот меѓународен терористички напад врз цивилната инфраструктура, додека некои западни претставници го опишаа како чин на саботажа.
Некои критичари на Русија шпекулираа дека Москва одлучила да ги разнесе сопствените гасни врски со Германија за да изврши притисок врз ЕУ.
Полскиот европратеник и поранешен министер за надворешни работи Радослав Сикорски им се заблагодари на САД за инцидентот, но подоцна го избриша твитот, нарекувајќи го неговото имплицитно тврдење за вмешаноста на Вашингтон лична теорија.