🎥 СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА „БРЕМЕНИТЕ“ ЈАПОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ? Во 2016-та Јапонија имаше кампања за правилна распределба на домашните обврски

Кампањата која се одвиваше во Јапонија пред околу 10 години, имаше за цел да покаже колку физички напорна може да биде бременоста и да започне разговори за нееднаквата распределба на домашните обврски во Јапонија, каде што жените сè уште поминуваат многу повеќе време извршувајќи домашни работи од мажите. Погледнете го спотот во кој тројца јапонски политичари „забремениле“ за да ја поттикнат дискусијата на оваа тема

47

Пред скоро цела деценија можевме да ги видиме видеата за тројца јапонски политичари кои храбро облекоа „бремени елеци“ кои симулираат труднички стомаци како дел од кампања за мажите да преземат улога во нација каде што жените вршат поголем дел од домашните работи.

Тројцата гувернери на југозападните префектури се појавија во етер со кампања за подигање на јавната свест која во слободен превод беше насловена: „Гувернерот е бремена жена“.






Јапонските мажи не се многу услужливи сопрузи кога станува збор за домашна работа: Тие работат само еден час неплатена работа дневно во споредба со петте часа на нивните сопруги, според студија од 2014 година.

Триминутниот спот, кој се емитуваше во 2016-та година сега се појави повторно на Интернет. Во спото се прикажани јапонските законодавци како се опремени со елеци од 7 килограми кои го имитираат стомакот на жена која е бремена околу седум месеци.

Потоа се гледа како тие несмасно се движат по скалите, носат намирници или чекаат некој да им го отстапи местото во автобусот.

Тие се приклучија на кампањата за поттикнување на рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот на Кјушу-Јамагучи, иницијатива дизајнирана да ги охрабри мажите да преземат поактивна улога во домашните работи и грижата за децата.

Снименото видео во кое учествуваа јапонски политичари имало за цел да покаже колку физички напорна може да биде бременоста и да започне разговори за нееднаквата распределба на домашните обврски во Јапонија, каде што жените сè уште поминуваат многу повеќе време извршувајќи домашни работи од мажите.

Поврзани содржини