СЕ ПРОСЛАВИЛЕ ОТКАКО ГИ СМЕНИЛЕ СВОИТЕ ИМИЊА Можете ли да препознаете кои познати личности се „кријат“ зад нивните имиња во крштениците?

Многу славни личности во политиката, науката, спортот, филмот, музиката и во други области ги имаат сменето своите имиња запишани во крштениците. Еве 16 прашања за такви случаи. Секое прашање содржи по 4 одговори, од кои само еден е точен.

444

КЛИКНИ НА ПОЛЕТО НА ЕДЕН ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ

1 / 16

Во неговата крштеница пишува - Николај. Роден е син на православниот свештеник Милутин и на мајка му Ѓука. Тој е еден од најголемите пронаоѓачи и научници во историјата, познат како „човекот што го осветли светот“. Неговото име е:

2 / 16

Неговото „официјално“ име е Јосиф Висарионович Џугашвили. Помалку е познат неговиот прекар Коба. Името под кое го запомни историјата значи „челичен човек“. Тоа е:

3 / 16

Роден е како Чарлс Спенсер. Потекнува од сиромашно семејство од Лондон. Станува еден од најпознатите актери, режисери и комичари во немиот филм. Неговото име е:

4 / 16

Во неговата крштеница стоело презимето Вајнштејн, по таткото Евреин. Но, откако тој починал, момчето го зел презимето од својата мајка Ерменка. Под тоа презиме подоцна стана еден од најголемите шахисти на сите времиња, светски првак и политички активист. Неговото име е:

5 / 16

Негото родено име е Касиус Марселус Клеј Џуниор. Роден е во Луисвил, Кентаки, во 1942 година. Беше еден од најголемите боксери во историјата, познат по стилот на борење „летај како пеперутка, боцкај како пчела“. По преобраќањето во ислам, го смени своето име во:

6 / 16

Знаете ли кој е Едсон Арантес до Насименто? Роден е во 1940 година во Бразил и се смета за најголемиот фудбалер на сите времиња. Неговото кратко и препознатливо име, кое прво било само прекар, го знае целиот свет:

7 / 16

Семјуел Ленгхорн Клеменс е роден е во Мисури во 1835 година и стана еден од најголемите американски писатели. Ги опиша авантурите на Том Соер и на Хаклбери Фин. Славата ја стекна под псевдонимот:

8 / 16

Во неговата крштеница стои името Ерик Артур Блер. Роден е во Индија во 1903 година, а подоцна станал еден од најпознатите англиски писатели и новинари. Автор е на класичните дела „1984“ и „Животинска фарма“. Пишуваше под псевдонимот:

9 / 16

Сигурно не знаете кој е Марион Роберт Морисон. Роден во Ајова, САД. То е симбол на вестерн филмовите и една од најголемите ѕвезди во американската кинематографија. Името по кое е познат:

10 / 16

Нејзиното презиме е Луиз Чиконе. Родена е во Мичиген, САД, и стана позната како „кралица на попот“. Низ својата кариера има продадено повеќе од 300 милиони албуми. Позната е по нејзиното име:

11 / 16

Роден е како Режиналд Кенет Двајт. Стана еден од најуспешните британски музичари, познат по хитовите „Rocket Man“ и „Candle in the Wind“. Името под кое е познат е:

12 / 16

Енрике Хосе Мартин Моралес е портoрикански пејач кој стекна светска слава со хитовитее „Livin' la Vida Loca“ и „She Bangs“. Неговото уметничко име е:

13 / 16

Веројатно не сте чуле за извесен Фарух Булсара. Роден е во Занзибар и израснал во Индија, а подоцна се преселил во Британија. Тој е легендарниот фронтмен на групата „Квин“:

14 / 16

Родена е како Норма Џин Мортенсон. Стана најголемиот секс-симбол на Холивуд од 1950-тите години, позната по филмовите „Некои го сакаат жешко“ и „Мажите повеќе сакаат русокоси“. Нејзинот име е:

15 / 16

Вистинско име му Чан Конг Санг. Роден во Хонг Конг. Станал еден од најпознатите актери и мајстори за боречки вештини, со хитови како „Полициска приказна“ и „Rush Hour“. Неговото име е:

16 / 16

Стефани Џоан Анџелина Џерманота е американска пејачка, текстописец и актерка, позната по своите екстравагантни настапи и хитовите „Poker Face“ и „Bad Romance“. Нејзиното име е:

Your score is

The average score is 84%

 

Ако сте пропуштиле некои од квизовите кои гио привлекоа вниманието на нашите читатели:

 






МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА Филмови, режисери и актери што ни го обелија образот

ЛЕГЕНДАРНИ ИЗЈАВИ И ГАФОВИ НА МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ Рекоа, се прославија или се посрамотија?

ПОЗНАТИ СЛИКАРИ И НИВНИТЕ ДЕЛА Не треба да сте експерт за да ги препознаете, обидете се!

Поврзани содржини