📷 СЕ ПРОДАВА НАЈСКАПАТА КУЌА ВО СВЕТОТ Замокот во кој живеел кралот на Мароко е проценет на 420 милиони евра!
Имотот се наоѓа на околу 40 километри од Париз. Замокот има површина од 2.500 квадратни метри и во него има 100 соби.
Замокот Д’Aрменвилие (Chateau d’Armainvilliers) во Франција, кој е поранешен дом на кралот од Мароко, се продава за фантастични 420 милиони евра. Луксузниот објект кој се наоѓа во централна Франција на имот кој се простира на повеќе од 1.000 хектари го носи епитетот најскапа куќа во светот.
Имотот се наоѓа на околу 40 километри од Париз. Замокот има површина од 2.500 квадратни метри и во него има 100 соби.
French Chateau, Once Owned by the Rothschild Family and the King of Morocco, Selling for €425 Million https://t.co/mQP9eFRola
— Mansion Global (@MansionGlobal) April 17, 2024
Луксузниот објект кој во својот склоп има и приватно езеро, е изграден врз темелите на замокот од 12 век. Семејството Ротшилд го купило кон крајот на 19 век, а потоа го купил кралот Хасан Втори од Мароко во 80-тите години од минатиот век. Тој го реновирал замокот и направил повеќе промени, вклучувајќи изградба на бања, козметички и фризерски салон и целосно опремени медицински и стоматолошки ординации. Исто така, тука сега се наоѓаат и марокански мозаици и ѕидни плочки, како и штала за 50 коњи.
Во склоп на замокот изградено е и подрумско ниво каде што се наоѓа огромна мрежа на тунели, кујни, складишта и соби за персоналот.
Кралското семејство во 2008 година ја продало куќата за 200 милиони евра на анонимен купувач од Блискиот Исток, а тој сега одново ја става на продажба луксузната куќа. Француските експерти за недвижности сметаат дека цената е превисока.
-Тешко дека недвижности од овој тип може да се продаваат за 20-25, или за дури 30 милиони евра ако навистина му се допаднат на купувачот. Но 420 милиони евра навистина е нереална цена – истакнува француски агент за недвижности.