СЕ ПРАШУВАТЕ ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ДЕТЕ? Поставете си ги овие прашања
Пред да се запрашате дали сте подготвени да имате деца, запрашајте се дали воопшто ги сакате. Ѕирнете длабоко во себе за да откриете дали раѓањето на детето е нешто што навистина го сакате или е она што се очекува од вас.
Некои уште од мали нозе мислат дека им е судено да имаат деца, но за други тоа не е лесна одлука. Имено, се работи за целосна промена на животот и ново човечко суштество за кое вие сте одговорни 24 часа. Секако, не е лошо да си поставите некои од овие прашања за навистина да ѕирнете во себе и да откриете дали сте подготвени за толку голема животна промена.
Дали сакам деца или дали уживам во друштво на деца?
„Вие сте на ред во продавницата кога ќе забележите прекрасно бебе како брбори во количка, а до него е сестра му која штотуку доживува излив на бес. Каква е вашата моментална реакција? Ако мислите дека можете да се справите со тоа, тогаш можеби е време за бебе“, вели педијатарката д-р Кендис Џонс за Romper.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.