СЕ ОТКОРНА ЊУТНОВАТА ЈАБОЛКНИЦА Ова ли е дрвото во Кембриџ под кое научникот седел? (ФОТО)

Ветер од бурата Јунис ја бутна јаболкницата, по цели 68 години. А, што се случило со онаа вистинска јаболкница ? И таа ја кутнале ветрови, негде во 19 век.

1,135

Се откорна јаболкницата под која сер Исак Њутн седел и му паднало јаболко врз книгата, а тој тогаш сфатил дека се работи за силата на гравитацијата. Па, не баш тaa јаболкница, но нејзиниот клон, односно јаболкница која во Кембриџ во 1954 година била засадена од семка на вистинска јаболкница од дворот во куќата на научникот и оттогаш важи за споменик на дрвото, пишува ИФЛ Наука.

 






Ветер од бурата Јунис ја бутна јаболкницата, по цели 68 години. А, што се случило со онаа вистинска јаболкница? И таа ја кутнале ветрови, негде во 19 век.

Сепак, не е крај за калемењето. Со ластари и гранчиња од урнатата јаболкница, Ботаничката градина од Кембриџ се надева дека наскоро ќе биде засадено ново дрво. Научниците земале три примероци.

„Значи, преку извонредната наука за калемење, нашиот потомок на „Њутновата јаболка“ се надеваме дека ќе продолжи во нашите колекции“, рече Семјуел Брокингтон, кој работи во градината и кој на светот му обзнани за тажната вест.

Поврзани содржини