СЕ НАМИРИСУВА КРАЈОТ НА ВОЈНАТА? Поранешниот руски премиер и дел од експертите се на ист став

Ставот на Касјанов го делат и други воено-политички експерти и аналитичари. Маринко Огорец, хрватски експерт за безбедност вели дека пресвртот во војната се случил не во Херсон, туку во моментот кога Украинците решија да ја започнат својата офанзива северно од Херсон, во регионот Харков, каде ги вратија своите први територии.

1,165

Поранешниот руски премиер изјави за Скај Њуз дека има знаци дека војната се приближува кон крајот, велејќи дека е јасно дека Москва почнува да ја губи војната. Михаил Касјанов рече дека повлекувањето на руските трупи од Харков и Херсон е „демонстрација дека Путин ја губи војната“, пишува Индекс.

– Мислам дека за неколку месеци тоа ќе биде последниот чин од војната – изјави тој за Скај Њуз.






Сепак, тој рече дека „јасно е дека Путин не сака да запре“ и го опиша рускиот претседател како „фанатик“. И покрај ова, Касјанов рече дека „крајот е веќе започнат“.

 

Ставот на Касјанов го делат и други воено-политички експерти и аналитичари. Маринко Огорец, хрватски експерт за безбедност вели дека пресвртот во војната се случил не во Херсон, туку во моментот кога Украинците решија да ја започнат својата офанзива северно од Херсон, во регионот Харков, каде ги вратија своите први територии.

– На некој начин тоа е воена победа, но и овде Русите го постигнаа она што не го постигнаа во Харков. Таму (во Харков) не употребија сила, туку буквално бегаа. Од друга страна, повлекувањето од Херсон беше организирано, спроведено според правилата – вели Огорец, според кого во Херсон сепак нема да заврши војната.

Надворешно-политичкиот аналитичар Денис Авдагиќ е на слично мнение. Тој истакна дека пресвртница во војната е откажувањето од освојувањето на Киев, а втора пресвртница е украинската контраофанзива на североисток.

– Ова последно повлекување на Русија е значајно, пред сè, во симболична смисла. Русите се повлекоа од нивната територија. Во таа смисла, тоа е порака до политичката јавност во Русија, но и во Украина – смета тој и додава дека проблемот на Украина е што украинските сили доаѓаат на територијата што е уништена.

Авдагиќ вели дека Русија има голем проблем. Покрај деморализираната армија, деморализирана беше и целата држава.

– Во овој момент, клучно е кој може да издржи подолго во Украина. Украина ја има поддршката од ЕУ и САД, но нивниот отпор е навистина нешто што не се очекуваше – подвлекува Авдагиќ.

Ако војната завршува тогаш дали набрзо ќе има и преговори? Експертот Огорец смета дека од почетокот на војната се водат тајни преговори и дека резултатите од тие преговори се видливи.

– Во моментов на Русите би им било погодно да седнат на преговарачка маса, но очигледно не им одговара на Украинците додека се во офанзива на сите фронтови, пред сè во моралната офанзива – заклучува тој.

Поврзани содржини