ШТО Ѝ ЗНАЧАТ САНКЦИИТЕ НА РУСИЈА? Путин има злато, резерви и контрола врз гасот

Резервите во злато кои ги има земјата би можеле да го намалат шокот од падот на рубљата, која би поефтинила. Сепак, какво било блокирање на трговијата со Русија ќе значи криза за Европа. По Кина, Русија е втор трговски партнер на многу ЕУ-земји.

1,287

Руската рубља би можела да падне и да поевтини и до 20 отсто поради новите економски санкции кои Западот ги планира во случај на окупација на Украина. Тоа и не изгледа многу, ако знаеме дека земјата ги зголеми своите резерви од 30 на 630 милијарди долари, а тоа го постигна менувајќи ги своите меѓународни акции од долари во други валути или во злато. Ова би требало да ѝ помогне да се извлече од, според зборовите на Џо Бајден, „санкции какви што Путин не видел“.

– Путин никогаш не видел санкции какви што ветив дека ќе бидат наметнати доколку влезе во Украина – се наоштри американскиот претседател на пресконференција пред новинарите, додавајќи дека точното ниво на казна ќе зависи од обемот на окупацијата.






Русија учествува со 1,7 отсто во светскиот бруто производ, а секоја голема санкција, вклучително е запирање на свифт-плаќањето од и до руските банки може да биде „атомска бомба“ за остатокот од Европа и светот, неодамна предупреди Фридрих Мерц, лидерот на германската ЦДУ. Секако, Европа се грижи да не секне гасот, но според Маниш Раџ, главен финансиски директор во Velandera Energy Partners уште пострашно е што ова може да предизвика прекин на снабдувањето со нафта, пишува РусијаДенес.

Не им е лесно ни на Русите. Руската берза падна за 8 отсто во однос на долари во вторникот, што е најостриот еднодневен пад на пазарот од март 2020 година. Изгледа војната е штетна по бизнисот. Oсвен, можеби, ако земјите не прават бизнис преку војната.

Какви санкции беа најавени?

Вашингтон и неговите сојузници ветија „тешки последици“ за Москва. Тие вклучуваат санкции против водечките банки во земјата, забрана за тргување со државниот долг, исклучување од меѓубанкарскиот глобален платен систем SWIFT и импликации за гасоводот Северен тек 2.

Непријатно е, но ќе се справиме

САД и ЕУ претходно воведоа санкции на руски банки и компании поради Украина. Рускиот министер за финансии Антон Силуанов минатата недела рече дека дополнителните санкции би биле „непријатни“, но земјата ќе се справи.

– Мислам дека нашите финансиски институции можат да се справат со тоа доколку се појават овие ризици – рече тој.

Што ќе се случи со рубљата?

Пад на рубљата ќе значи заострување на политиката на Централната банка и девизните интервенции за да се обезбеди финансиска стабилност, велат аналитичарите на Renaissance Capital.

„Во овој случај, очекуваме дека одливот на средства од долгот и што е уште поважно од берзите може да се приближи до показателите од 2014-2015 година (кога и почна конфликтот во Украина), па рубљата да поевтини до 20 отсто, проширување на премијата за ризик на земјата за 200 базични поени и споредливо заострување на монетарната политика на Централната банка“, велат тие.

Што ќе биде со цената на нафтата и гасот?

Аналитичарите предупредуваат дека кризата може да биде „сеизмички настан“ за енергетскиот пазар. Цените на европскиот бензин веројатно ќе ги надминат рекордните максимални вредности од 180 евра за мегават час забележани кон крајот на минатата година, според Капитал економикс.

– Сепак, можноста за вооружен конфликт е сериозен развој и има широки геополитички последици, а со тоа ги зголемува премиите за цената на нафтата – изјави Маниш Раџ за Market Watch, мислејќи на цената од 90 долари за барел, која неделава ги кутна цените во последните седум години.

Санкции за Русија значат криза за Европа

Русија е главен трговски партнер за многу земји во ЕУ. Блокирањето на Русија ќе им наштети на европските економии кои имаат значителна трговија со Москва. Сегашните санкции веќе се покажаа неефикасни, при што европските бизниси трпат огромни загуби.

По неколку години како најголем трговски партнер на Русија, минатата година ЕУ падна на второто место по Кина. Околу една третина од увозот на Русија сè уште доаѓа од Европа и приближно истиот износ на извоз, главно енергија, оди во ЕУ. Вкупната трговија со стоки меѓу Русија и ЕУ изнесуваше 174,3 милијарди евра во 2020 година.

Поврзани содржини