📷 САНКАЊЕ СРЕДЕ АВГУСТ ВО ЦРНА ГОРА! Невремето донесе штети за земјоделците и забава за децата
На сликата, повозрасен маж во шорцеви, влечки и маичка влече две деца на санки врз слој направен од напластениот град во Бјело Поље.
Силно невреме го зафати северот на Црна Гора доцна попладне во саботата и нанесе голема штета на земјоделците, особено во општина Бијело Поље, а една слика од социјалните мрежи стана вистински хит. На сликата, повозрасен маж во шорцеви, влечки и маичка влече две деца на санки врз слој направен од напластениот град во Бјело Поље.
Градот ги уништи посевите во Томашево, Равна Риека, Рибаревине, Затон… Штетите се огромни.
Невремето го зафати целото подрачје на северот на Црна Гора, но освен во Бијело Поље и околината, нема информации за штети на посевите во другите општини.