САМОУКИОТ ТАТКО НА ЛОГИКАТА БЕШЕ ПОСВЕТЕН ХРИСТИЈАНИН На денешен ден бил роден човекот без кој немаше да имаме логички алгоритми
„И“, „или“, „ако“, „ако и само ако“ се само дел од операциите за кои тој дал симболи и со кои можат да се составуваат цели реченици за логички да се испита одреден проблем. Тука е и негацијата „не“. Во времето во кое Бул живеел ова се користело за да се испита одреден математички доказ. Како да знаеме дали тој е точен? Па, би можеле, на пример, да почнеме од премисата дека тој не е точен, па на крајот ако равенките не доведат до „неточно“(false), значи дека сепак проблемот е...точен. Логично, не?
Човекот кој ги измислил основните закони за логиката, по кои, патем, логицираат и денешните компјутери никогаш не завршил факултет, а освен што бил математичар бил и посветен христијанин. Џорџ Бул бил роден на денешен ден во 1815 година во Линколн, Велика Британија. Ако прашате некој програмер денес ќе ви рече дека неговите закони се оние со „и“ и „или“, но фактите говорат дека Бул смислил цел апстрактен јазик со кој всушност сакал да ги разграничи мислите на Бога.
Замислете да можете својата сопствена мисла да ја изразите со симболи. И преку нив да можете да проверите дали таа е објективно точна или не. Дали е контрадикторна. Логиката постоела многу пред Бул, уште од времето на Аристотел, но зошто да не направиме конкретен јазик кој ќе важи исто за сите? Тоа е заслугата на Бул. Неговата логика е аналогна со основната човечка логика и таа која ја поставил Аристотел, но оди и подлабоко, велејќи дека овие закони мора да бидат универзални – инаку самите нема да бидат логични.
Изненадувачки, примената на овој јазик денес се согледува најдобро кај компјутерите. Така и Бул доби на популарност. На самите компјутери треба некој да им нареди, односно да им напише во програмата да проверат дали некој фајл или дали некоја варијабла е точна, или не. Дали нешто исполнува некој услов или не. Ако да, направи го ова. Ако не, тогаш нешто друго…Компјутерите веќе користат единици и нули за да извршуваат задачи, но со оваа Булеанова логика тие можат да оценат дали нешто е точно(true) или лажно(false).

„И“, „или“, „ако“, „ако и само ако“ се само дел од операциите за кои тој дал симболи и со кои можат да се составуваат цели реченици за логички да се испита одреден проблем. Тука е и негацијата „не“. Во времето во кое Бул живеел ова се користело за да се испита одреден математички доказ. Како да знаеме дали тој е точен? Па, би можеле, на пример, да почнеме од премисата дека тој не е точен, па на крајот ако равенките не доведат до „неточно“(false), значи дека сепак проблемот е…точен. Логично, не?
Но, животот на овој математичар Бул бил безмалку нелогичен и хаотичен. Од 16-годишна возраст морал да ги рани своите родители, а се образувал сам читајќи книги. Татко му бил продавач на книги, а тој го презел бизнисот.
Се смета дека Бул почнал да учи математика на подоцнежна возраст. Го интересирала алгебрата и набрзо објавил неколку истражувачки трудови. Им пишувал писма на познатите британски математичари. Основал свое училиште во родниот град. Во 1849 година му биле отворени вратите на колеџот Квинс.
Таму Бул ја запознал својата идна сопруга Мери Еверест во 1850 година, додека таа била кај нејзиниот вујко Џон Рајал, кој бил професор по грчки јазик. Тие се венчале неколку години подоцна во 1855 година.
Во 1844 година, неговиот труд „За општ метод во анализата“ ја освои првата златна награда за математика доделена од Кралското друштво во кое тој добил членство. Стигнале дипломи од Даблин и од Оксфорд.
Кон крајот на ноември 1864 година, Бул пешачел на силен дожд, од својот дом во Колибата Личфилд во Балинтемпл до универзитетот, на растојание од пет километри. Наскоро се разболел од пневмонија. Неговата сопруга верувала дека лековите треба да личат на она што ја предизвикало болеста, дождот, па затоа го завиткала во влажни ќебиња. Но, така тој уште повеќе се разболеле.
Состојбата на Бул се влошила и на 8 декември 1864 година. Умрел од плеврален излив предизвикан од треската. Закопан бил на гробиштата во црквата Свети Мајкл во Черч Роуд во Ирска. Внатре во црквата поставена е негова комеморативна плоча.