САМОУКА И НАЈДОБРА НА СВЕТОТ Леонор Еспиноза, најдобар женски шеф во 2022

На покана на иницијативата Mediterranean Women Chefs, во октомври минатата година во Хрватска гостуваше колумбиската шефица Леонор Еспиноза, добитник на наградата за најдобар женски шеф во светот за 2022 година. Таа е позната по својата експериментална кујна каде ги истражува сите можни начини на кои новите растителни и животински видови може да се користат во кујната.

497

Колумбиската самоука и многу талентирана шефица Леонор Еспиноза, сопственичка на ресторанот Лео во Богота, првиот колумбиски ресторан што некогаш се нашол на листата на најдобри во светот, е најдобрата жена готвач во 2022 година, според листата на The World’s 50 Best Restaurants. Еспиноза е многу повеќе од тоа. Таа е одговорна за повторното раѓање на колумбиската гастрономија, а нејзината кујна придонесе и за социо-економскиот развој на локалните заедници.

На покана на иницијативата Mediterranean Women Chefs во октомври минатата година таа гостуваше во Хрватска. За сите што ја следат гастрономската сцена, тоа гостување беше исклучително интересно, но се покажа како вредно за внимание и за поширокиот регионален деловен круг, бидејќи приказната што познатата шефица ја сподели со публиката во рамките на конференцијата „Редефинирање на успехот“ (Redefining Success) е една од оние кои ги охрабруваат жените ширум светот, без разлика на професијата.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини