САМО АРГЕНТИНА И АВСТРАЛИЈА БИ ПРЕЖИВЕАЛЕ НУКЛЕАРНА ВОЈНА Тајната е во одгледувањето на пченица?
Причината поради која неколку земји како Австралија и Аргентина, а исто така и дел од централна Африка, би биле во можност да ги одржат калориите е затоа што тие одгледуваат поотпорни култури, како што е пченицата, во големи количини, а од друга страна, имаат малку жители.
Кој би победил во нуклеарна војна меѓу САД и Русија? Никој, се разбира. Но, според една нова студија, земјите со најголема надеж да ја преживеат деценијата потоа би биле Аргентина и Австралија, пишува британски Тајмс. Според интерактивната мапа од истражувањето објавено во Nature Food, Македонија, заедно со цела Европа спаѓа во регионите каде 100 отсто од населението ќе умре од глад.
Научниците откриле дека дури и ако сте избегнале да бидете меѓу првите загинати, индиректниот ефект на конфликтот значи дека 5 милијарди луѓе би можеле да умрат од глад на глобално ниво во годините веднаш по нападот. Тоа е затоа што од чадот сонцето ќе биде замаглено во ефект на „нуклеарна зима“, па тешко ќе биде да се одгледува храна.
Причината поради која неколку земји како Австралија и Аргентина, а исто така и дел од централна Африка, би биле во можност да ги одржат калориите е затоа што тие одгледуваат поотпорни култури, како што е пченицата, во големи количини, а од друга страна, имаат малку жители.
Сепак, дури и тие веројатно ќе видат проблеми кои не се разгледани во весникот, на пример со бегалци од Азија кои ќе дојдат бегајќи од гладот во нивните земји.
Дури и релативно мал конфликт, како оној меѓу Пакистан и Индија, може да резултира со повеќе од милијарда луѓе без храна поради неуспехот на земјоделските култури и тоа во земји далеку од самиот конфликт. Бројката на мртви од глад ќе ги надмине првите 50-100 милиони луѓе кои ќе умрат од самата експлозија.
Има и една добра вест во истражувањето. Научниците велат дека ако одгледуваме алги или печурки на кои не им треба толкава светлина би можеле да преживееме, секако, ако прво земјите се подготват на таков подвиг.
Ова и не е толку добра идеја, бидејќи би можело да ги наведе луѓето погрешно да мислат дека, ете, и нуклеарна војна ќе преживееме, па развивањето нуклеарно оружје и не е толку страшно.