САМО 10 ОТСТО ОД РАЗВЕДЕНИТЕ ПАРТНЕРИ УСПЕВААТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА ГРИЖАТА ОКОЛУ ДЕЦАТА Наместо соработници, родителите стануваат конкуренти, а децата се отуѓуваат

Според претседателот на новоформираното здружение на граѓани „Центар за рамноправно родителство – Децата пред сè“, Наум Рибароски, праксата на доверување на детето на чување и воспитување на едниот родител по разводот на бракот е изворот на сите проблеми, извор на сегрегацијата на родителите и на страдањето на децата и мора да се смени.

951

Денес беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ и новоформираното здружение на граѓани „Центар за рамноправно родителство – Децата пред сè“ кое е продолжение на Иницијативата за заедничко и одговорно родителство после развод“ чија борба трае од 2015.година.

Во нивните заложби за заедничко и одговорно родителство после развод тие и претходно ја имаа поддршката од „Меѓаши“, како и од дел од експертската јавност, во која спаѓа и прим д-р Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, невропсихијатар, европски сертифициран-семеен и системски психотерапевт која го искажа својот став во однос на оваа проблематика.






Според неа, брачната заедница и семејството се понекогаш два паралелни процеси. процеси кои не се истоветни.

„Од моментот кога се раѓаат децата партнерите стануваат родители, а тие две благородни улоги брачните партнери често ги мешаат. Тоа станува највидливо кога ќе дојде до развод на бракот. Родителите остануваат родители цел живот, бидејќи кога ќе дојде до развод, не се разведуваат родителите туку брачните партнери. Нам, како психијатри и психотерапевти, најважно ни е да ги заштитиме децата и наша обврска е да се грижиме првенствено за децата. Децата кои ќе се најдат во процес на развод на бракот на нивните родители, имаат потреба од сигурност и што помалку промени. Партнерите пак имаат обврска да се надраснат себеси и во таа процедура на развод да се бават пред се со благосостојбата на децата која подразбира контакт со двајцата родители. Оттука и идејата за заедничко родителство кое значи споделено и временски, со лично вложување, па ако сакате и материјално еднаква грижа за детето од страна на двајцата родители“.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини