САЛАТАТА ОД МАКЕДОНСКА СТАНА „НАЦИОНАЛНА“ Легендарната скопска ќебапчилница „Пчела“ го следи „ветрот на промените“?

Каква ви е таа нацоинална салата?, го прашуваме келнерот. Таа со пиперка што беше!, збунето ни одговара. Мислиш македонска!

5,190

Легендарната скопска ќебапчилница ,,Пчела” која важи за омилено место за ручек на скопјани и туристи ја избриша салатата која досега ја продаваше како ,,македонска”. Слика со фискална сметка со новото име на салатата на Фејсбук го објави новинарот и публицист Диме Ратајковски раскажувајќи:

„Под чинарот ручече…
Ќебапчилница „Пчела“. Стара Скопска чаршија.
– Дечко! И салата една ќе ни донесеш! Каква имате?
– Имаме Шопска, Национална и (не му текнува) Грчка…
– Каква ви е таа НАЦИОНАЛНА салата? – го прашуваме.
– Таа со пиперка што беше! – збунето ни одговара.
– Мислиш МАКЕДОНСКА!
– Да! Порано македонска што ја викаа?!
– Аха…






Од мене толку…”, пишува шокираниот Ратајковски.

Се чини како салатата која сега во менито се нарекува ,,национална” а се состои од патлиџани и печени пиперки да е смената по теркот на смената на имињата на националните институции како Македонска опера и балет која станаа Национална опера и балет или Македонска информативна агенција која стана Медиумска информативна агенција.

 

Поврзани содржини