САЛАТА СО ТИКВА И РУКОЛА ПО РЕЦЕПТОТ НА НАШАТА ОМИЛЕНА ГОТВАЧКА Модифицирана и во сѐ поголеми порции
Откако пред можеби 5 години, нашата омилена готвачка Маре Јаневска ни подаде да ја дегустираме нејзината салата со тиква, рукола и црн грав, таа, во овој период од годината е често на нашето мени, сега модифицирана, надградена со калинки и во сѐ поголеми дози
На еден настан во средното училиште „Лазар Танев“ пред 5-6 години, меѓудругите чудесии кои тогаш ги приготви шеф Маре Јаневска, имавме можност да ја пробаме нејзината салата со тиква и рукола.
Оваа салата беше откритие на деценијата, таман по наша мерка, лесна и едноставна за приготвување, со достапни состојки и плус, со оваа комбинација на тиква и грав, достојна, многу вкусна и здрава замена за цел оброк.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.