САКАТЕ ПОЗДРАВИ ВЕРЗИИ НА ДЕСЕРТИ И ПЕЧИВА? Дали бадемовото брашно навистина може да го замени обичното бело брашно?
Брашното од бадеми е одлична опција ако внимавате на исхраната, ако самите печете леб или слатки или пак ако сте нетолерантни на глутен, но да – не е исто. Еве како, колку и за што се користи
Бадемовото брашно е брашно направено од бадеми, богато е со хранливи материи, малку јаглехидрати, без глутен и погодно за сите кои се на кето диета. Како и јаткастите плодови, бадемовото брашно има висока содржина на маснотии, што гарантира дека производите добиени од него се влажни и меки.
Во пекарството најчесто се користи бланшираното бадемово брашно кое се добива со отстранување на надворешната обвивка од бадемите и потоа мелење на јаткастите плодови во текстура на брашно.
Имајте на ум дека бланшираното бадемово брашно се разликува од брашното направено со мелење на лушпата и бадемите. Затоа, ваквото бадемово брашно е со потемна боја и има погруба текстура, додека бланшираното е со светла боја и неговата текстура е повеќе слична на „вистинското“ брашно.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.