САД ГУБАТ 2 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО ПОРАДИ РАСИПНИШТВО Маск објасни што работи Министерството за ефикасност
Причината поради која работам овде е затоа што сум многу загрижен дека Америка може да банкротира поради корупција и трошоци. Ако ништо не се преземе, таканаречениот брод „Америка“ ќе потоне, изјави познатиот шефот на американското Министерство за владина ефикасност Илон Маск во интервју за „Фокс њуз“.
Соединетите Американски Држави се соочуваат со банкрот поради корупција и прекумерно трошење, изјави шефот на американското Министерство за владина ефикасност, Илон Маск.
– Ако една земја троши премногу, ако не троши паметно, ќе банкротира, исто како и човек. Причината поради која работам овде е затоа што сум многу загрижен дека Америка може да банкротира поради корупција и трошоци. Ако ништо не се преземе, таканаречениот брод „Америка“ ќе потоне – рекол милијардерот во интервју за „Фокс њуз“.
Според него, „махинациите и расипништвото на владата се толку големи“ што Америка поради тоа губи два трилиони долари годишно.
– Американскиот национален долг порасна толку многу што дури и каматата за него го надминува целиот воен буџет. Порасна неконтролирано – додаде бизнисменот.
Според Илон Маск, одделот за ефикасност на американската влада очекува да ги намали трошоците на Вашингтон за два трилиони долари.