РУСКИТЕ КОСМОНАУТИ СЛАВАТ ВО ВСЕЛЕНАТА 8 години го чекавме ослободувањето на Луганск (ВИДЕО)
Роскосмос и нашите космонаути, кои денеска работат на Меѓународната вселенска станица, се придружуваат на честитките на шефот на ЛНР, Леонид Пашечник, по повод „новиот Ден на Големата победа“. Ова е долгоочекуваниот ден што жителите на окупираните области на регионот Луганск чекаат осум години. Уверени сме дека 3 јули 2022 година засекогаш ќе остане впишан во историјата на Републиката. Граѓани на сојузничката Народна Република Доњецк, чекајте!, напишале астронаутите.
Руските космонаути кои во февруари беа пофалени затоа што носеа жолти и сини вселенски костуми за да ја поддржат Украина, беа сликани на Меѓународната вселенска станица (МВС) со знамињата на самопрогласените републики Доњецк и Луганск заедно со порака во која се слави она што руската вселенска агенција Роскосмос го нарече „ослободување“ на Луганск, пишува Мондо.
Во пораката објавена на официјалниот телеграмски канал на Роскосмос, Олег Артемјев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков се прикажани како го држат секое од знамињата на двете окупирани територии, кои меѓу земјите-членки на ОН се признати како легитимни само од Русија и Сирија.
„Денот на ослободувањето на Луганската Народна Република! Го славиме и на Земјата и во вселената “, стои во пораката објавена со фотографијата.
Роскосмос понатаму во соопштението посочува:
„Роскосмос и нашите космонаути, кои денеска работат на Меѓународната вселенска станица, се придружуваат на честитките на шефот на ЛНР, Леонид Пашечник, по повод „новиот Ден на Големата победа“. Ова е долгоочекуваниот ден што жителите на окупираните области на регионот Луганск чекаат осум години. Уверени сме дека 3 јули 2022 година засекогаш ќе остане впишан во историјата на Републиката. Граѓани на сојузничката Народна Република Доњецк, чекајте!“
Нејасно е како знамињата на двете самопрогласени републики стигнале до МВС. На станицата моментално работат тројца руски космонаути, но и американските астронаути на НАСА Џесика Воткинс, Роберт Хајнс и Кјела Н. Линдгрен, како и Италијанката Саманта Кристофорети од Европската вселенска агенција.