РУСКИОТ ДЕДО МРАЗ ЌЕ ГИ ЗАОБИКОЛИ ГРАДОВИТЕ БЛИЗУ УКРАИНА Белгород и Курск исчезнаа од списокот, ги нема и четирите региони
Рускиот независен медиум СОТА објави дека оваа година Дед Мороз нема да ги посетува регионите на првата линија на Русија, ниту пак ќе запира во украинските региони кои Путин незаконски ги анектираше во септември: Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје.
Возот на рускиот Дедо Мраз или Дед Мороз ќе прескокне некои постојки во земјата оваа празнична сезона поради војната во Украина. Возот нема да ги посети градовите Белгород и Курск близу украинската граница во кои веќе имаше напади со дронови од украинските сили, пишува Њузвик пренесувајќи ги го руски ТАСС.
Секој година празнично украсениот воз минува до 32.000 километри. Внатре во возот има вагони наменети за игри, вагон-ресторан, продавница за сувенири, салон за пример. Годинава возот тргна на 22 октомври од градот Велики Устјуг во руската област Вологда. Ќе помине повеќе од 130 руски градови и ќе патува преку 33.000 километри за вкупно 85 дена, враќајќи се на својата појдовна точка на 15 јануари 2023 година.
– Има многу мали гратчиња на трасата на возот на Дедо Мраз, чии жители, исто така, се радуваат на зимскиот волшебник. Затоа, при развивањето на распоредот на возовите, Дедо Мраз и јас решивме да запираме не само во големите, туку и во малите градови и населби – изјави Дмитриј Пегов, заменик генерален директор на Руски железници.
Here’s Ded Moroz’s train! The Russian Santa is traveling in style✨☃️✨
⠀⠀
📸 maksimuszd (Instagram) pic.twitter.com/q3SNmEpFNU— Russian Railways (@RuRailways) January 3, 2022
The annual “Train of Ded Moroz” starts today its travel around Russia! 😍🎆🎄✨️🎅❤ #Russia #Putin pic.twitter.com/wwMCiAexBn
— hazzalouis ♡ (@hazzaLouis3) October 7, 2022
Рускиот независен медиум СОТА објави дека оваа година Дед Мороз нема да ги посетува регионите на првата линија на Русија, ниту пак ќе запира во украинските региони кои Путин незаконски ги анектираше во септември: Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје.
Посетите на Белгород и Курск првично беа планирани како дел од проектот, но градовите одеднаш исчезнаа од списокот, според СОТА.
Британското Министерство за одбрана претходно овој месец соопшти дека Русија почнала да ја проширува одбраната долж границата со Украина поради очигледните стравувања од инвазија .
Се вели дека руските трупи копаат сложени системи за ровови во Белгород, додека гувернерот на регионот најави дека формира локални „единици за самоодбрана“.
„Копањето ров е пријавено во Белгород најмалку од април 2022 година, но новите конструкции се веројатно покомплексни системи, дизајнирани да го одбијат механизираниот напад“, соопшти Министерството во своето секојдневно известување за војната во Украина на 7 декември.
Министерството, исто така, рече дека постои реална можност руските власти да промовираат одбранбени подготовки на меѓународно признатата руска територија за да го „запалат патриотското чувство“.