РУСИТЕ СЕ ОТКАЖАА ОД СИМБОЛОТ „Z“? Нема некое посебно значење, но е прифатен во армијата
Истовремено, овие знаци се препознатливи и позитивно прифатени од армијата на Русија, Доњецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР), како и „многу други“, се додава во текстот.
Буквите Z и V „не носат некое посебно значење“, односно не се официјални воени симболи на руската армија, стои во соопштение на руското Министерство за одбрана кое ги зачуди медиумите, пренесува Б92.
Истовремено, овие знаци се препознатливи и позитивно прифатени од армијата на Русија, Доњецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР), како и „многу други“, се додава во текстот кој на Телграм го објави Сергеј Гусев, заменик-началникот на главната воено-политичка управа на вооружените сили. Објавата на Гусев беше одговор кон неговиот колега, пратеникот Евгениј Ступин од Комунистчката партија во Московската дума.
Претходно, Гусев изрази надеж дека појаснувањата на Министерството за одбрана на Руската Федерација ќе помогнат да се избегне неразумен прогон „при изразување на став кон буквите од странските азбуки“.
Озлогласените симболи кои осамнаа на руските воени возила од почетокот на војната во Украина се сметаат за навредливи во повеќе европски земји кои ја забранија нивната употреба во воен контекст.