РУСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕМА МНОГУ ДА СЕ БУНАТ ПРОТИВ САНКЦИИТЕ Јутјубер открива детали за животот со рестрикции (ВИДЕО)

Луѓето на Запад мислат дека ако овие санкции силно го погодат населението, тие ќе се побунат. Мислам дека тоа нема да се случи, затоа што овие санкции прават само штета на просечниот човек. Секогаш кога ќе ги отворам вестите гледам некоја нова санкција и дека некоја друга компанија повеќе не сака да соработува со Русија. И знам, разбирам, никој не нѐсака сега, вели 24-годишниот Роман Абалин.

683

Санкциите кон Русија нема да ги погодат сите луѓе, туку само просечниот човек, но поради тоа Русите нема да се побунат и веројатно ќе го преживеат, вели Роман Албертович Абалин, 24-годишен јутјубер кој и самиот имал блокирани сметки и е против руската окупација на Украина.






– Сега е официјално. Руската економија е готова, а и јас. Тонам со неа. Луѓето на Запад мислат дека ако овие санкции силно го погодат населението, тие ќе се побунат. Мислам дека тоа нема да се случи, затоа што овие санкции прават само штета на просечниот човек. Секогаш кога ќе ги отворам вестите гледам некоја нова санкција и дека некоја друга компанија повеќе не сака да соработува со Русија. И знам, разбирам, никој не нѐсака сега – истакна Роман познат како „NFKRZ“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roman (@roman_nfkrz)

Роман го следат скоро милион луѓе на Јутјуб, но поради санкциите нема да може да заработува од своите видеа.

– Имам деловна сметка во Русија, плаќам даноци и се, но двете банки каде што имам сметки се санкционирани. Дури и да префрлам пари во друга банка, никој не може да гарантира дека таа банка нема да биде под санкции – открива тој.

На Русите во моментов им е забрането да префрлаат пари на странски сметки, ниту пак да користат пари од странство. Ако пак живеете во странска земја, а имате руско државјанство, автоматски го прекршувате овој закон, кој неодамна Путин го потпишал како контра-мерка против санкциите од Западот.

 

 

Поврзани содржини