РУСИТЕ НЕ САКАА ДА ВЛЕЗАТ ВО НАТО Блинкен контра Робертсон за тоа што се случувало во 90-тите

Блинкен увери дека НАТО е само одбранбен сојуз и никогаш не би ја нападал Русија. Според него, Путин ја нападна Украина за да го спречи ширењето на Алијансата.

587

По изјавите на некогашниот генсек на НАТО, Џорџ Робертсон, кој во ноември рече дека Путин сакал да се приклучи на Северноатланската Алијанса но не сакал да чека со „неважните земји“, американскиот државен секретар Антони Блинкен во ТВ-гостување ги разобличи таквите идеи.

– Русија во 1990-тите одлучи дека не сака да се приклучи на НАТО, иако се  зборуваше за тоа –  изјави Блинкен во „Лејт Шоу“ посветено на војната во Украина.






Блинкен увери дека НАТО е само одбранбен сојуз и никогаш не би ја нападал Русија. Според него, Путин ја нападна Украина за да го спречи ширењето на Алијансата.

– Тој сакаше да го спречи НАТО да стане поголемо со Украина. Но, сега Алијансата всушност е поголема со Финска и со Шведска – одговори државниот секретар.

Поврзани содржини