РУСИТЕ ЦРТААТ „Z“, А УКРАИНЦИТЕ? Пишуваат натпис од американски филм од 80-тите (ФОТО)
Филмот „Црвена зора“ од 1984 година зборува за група тинејџери кои се борат да го заштитат својот мал град во Америка за време на советската окупација. Тие се вооружени само со ловечки пушки, стрели, пиштоли и лакови, а училишната маскота „Wolverines“ е симбол на отпорот кој тие го испишуваат по советските тенкови.
Додека Западот полека го забранува симболот „Z“ кој руските војници го цртаа на тенковите, постои и негов украински пандан. Забележано е дека Украинците со спреј пишуваат „Wolverines“, а црпат инспирација од американски филм од 1984 година кој можеби не им е познат на поновите генерации, пишува Б92.
Филмот „Црвена зора“ од 1984 година зборува за група тинејџери кои се борат да го заштитат својот мал град во Америка за време на советската окупација. Тие се вооружени само со ловечки пушки, стрели, пиштоли и лакови, а училишната маскота „Wolverines“ е симбол на отпорот кој тие го испишуваат по советските тенкови.
Првите натписи во украинската војна беа забележани на 7 април. Некои Украинци гордо се фотографирале со тенковите и натписите.
What do you know, I drove past it, too. pic.twitter.com/E8SfRdL5zz
— Oleg Tolmachev (@OTolmachev) April 7, 2022
Инаку Волверин во легендарните стрипови „Екс-мен“ е човек-мутант кој има делумни способности на волк, но на англиски означува и вид на ракун од северните краишта, што го прави различен од зборот „wolf“ кој значи волк.