РУСИТЕ БЕГААТ, ПУТИН ГИ ЛОВИ СО ХЕЛИКОПТЕР Во Херсон дезертерите се жалат на замор и на неисплатени пари
Истовремено, руските обиди да се регрутираат војници во Молдавија биле катастрофално неуспешни, велат разузнавачките извештаи. Во написот на Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана се вели дека дури и жителите на Придњестровје одбиваат да потпишат договори со руската војска и покрај ветувањата за високи плаќања во готовина, пакети за социјална помош и поевтини станови.
Русија распореди хеликоптери за да трага по дезертерите во окупираната украинска област околу Херсон. Ова е обид да се спречат нејзините војници да бегаат во уште поголем број, пишува Њузвик цитирајќи го генералштабот на вооружените сили на Украина.
„На привремено окупираната територија на регионот Херсон, непријателот беше принуден да распореди хеликоптери и оружје за да бара бегалци и да ги врати на борбените позиции “, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб.
Тие објаснија дека неколку дена претходно е забележано интензивно движење на невооружени руски војници низ Каланчак, во правец на привремено окупираниот Крим. Каланчак се наоѓа во делот на јужниот регион каде во моментов се одвива украинската контраофанзива, пишува Слободна Далмација.
Доколку ова се потврди како точно, украинскиот извештај ни дава слика за Русите во седмиот месец од почетокот на војната. Дека трпението кај нив е при крај, а дека кризата на моралот и дисцплината е на врвот денеска објави и британската разузнавачка служба.
Министерството за одбрана на Велика Британија напиша дека прашањата како што се борбениот замор, големите жртви и проблемите со платите се меѓу главните поплаки на руските војници. Украинските проценки за бројот на загинати Руси во Украина надминаа 50 илјади оваа недела.
Москва последен пат ја даде својата официјална проценка за жртвите на 25 март, кога руските воени команданти изјавија за државната новинска агенција ТАСС дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети.
Истовремено, руските обиди да се регрутираат војници во Молдавија биле катастрофално неуспешни, велат разузнавачките извештаи. Во написот на Главната управа за разузнавање на украинското Министерство за одбрана се вели дека дури и жителите на Придњестровје одбиваат да потпишат договори со руската војска и покрај ветувањата за високи плаќања во готовина, пакети за социјална помош и поевтини станови.
Дезертерство е забележано не само кај жителите на Придњестровје, туку и кај руските трупи во околината, а поради ограничениот број на расположливи контингенти, Русите ги немаат потребните ресурси да ги бараат и да г и вратат исчезнатите војници.