РУСИЈА СПРОВЕДУВА ТАЕН ПЛАН ВО СЕВЕРНОТО МОРЕ Целта е отсекување на струјата во нордиските земји во случај на конфликт
Репортер во документарецот видел маскирани луѓе со автоматски пушки во руски брод по име Адмирал Владимирски.
Руски шпионски бродови ги мапираат Балтикот и Северното Море од Финска сè до Велика Британија под изговорот дека се рибари или истражувачи, вели нова документарна емисија која беше емитувана во Данска, Норвешка, Шведска и во Финска. Би-Би-Си пишува дека британските власти се свесни за овој руски план за отсекување на струјата кој, според еден дански разузнавач, би се остварил ако дојде до поголема ескалација во војната во Украина и до целосен конфликт со Западот.
Репортер во документарецот видел маскирани луѓе со автоматски пушки во руски брод по име Адмирал Владимирски. Тоа може да се види на снимките. Руските бродови ги следат локациите на ветерниците во нордиските земји. Владимирски пловел цел месец со исклучен предавател.
The joint report by Danish, Norwegian, Swedish & Finnish state TV focuses on a Russian expeditionary oceanographic ship called Admiral Vladimirsky. The report alleges that it is in fact a Russian spy ship.
— Supra (@cqc_coffee_guns) April 19, 2023
Целта на мисијата е пресекување на подводни кабли за струја и интернет – нешто што веќе е познато како задача на групата 29155, лично основана од Владимир Путин, а предводена од челници на руската служба ГРУ.
Засега властите на овие нордиски земји не се изјасниле директно во врска со овие активности, но ги истражуваат случаите.
Извештајот ја зголемува можноста таквите пловила да се поврзани со инцидент јужно од Свалбард минатата година кога беше пресечен подводен кабел за податоци. Кабелот ја опслужуваше најголемата светска комерцијална копнена станица за сателитски комуникации. Норвешката полиција соопшти дека верува дека зад саботажата стои „човечка активност“, но официјално не обвини никого.
Лани во октомври минатата година полицијата прогласи голем инцидент на Шетландските Острови откако беше пресечен кабел.
Инцидентот сериозно ја отежна комуникацијата со копното и во тоа време беше обвинета дека најверојатно бил предизвикан од „риболовни бродови“.
Најголемиот досега чин на саботажа во Балтикот беше унништувањето на делови од гасоводот Северен тек. Во тоа време, многумина ја обвинија Русија дека е одговорна, но оттогаш други извештаи сугерираат други можности, вклучително и проукраински актери, а истрагите се во тек.
Руското воено разузнавање, ГРУ, исто така е поврзано и со саботажи и со труења како што е труењето на Сергеј Скрипал во Солсбери во 2018 година со нервен агенс Новичок.
Единицата 29155 се поврзува и со инциденти на сечење на струја во копнени делови на Европа.
А ТИЕ СЕ ОНИЕ КОИ СЕЧАТ КАБЛИ ПО ЦЕЛ СВЕТ? Тајната единица „29155“ ја основал Путин од агенти на КГБ