РУСИЈА РАСПОРЕДУВА 20.000 ПЛАТЕНИЦИ ВО ДОНБАС Кои се тие, колку ги плаќаат и можат ли да го заземат Истокот?

Не им се допаѓа оваа војна бидејќи не им се допаѓа идејата да се убиваат луѓе кои зборуваат руски. Тие изгубија многу другари на север и го загубија морскиот крстосувач „Москва“, објаснува евроспкиот претставник. Русите се соочуваат со намалено снабдување, но сепак имаат уште добри три четвртини од силите за да го освојат Донбас.

793

Русија распореди до 20.000 платеници од Сирија, Либија и од други места во својата нова офанзива во украинскиот регион Донбас, испратени во битка без тешка опрема или оклопни возила, јавува европски официјален претставник. Според него, тешко е да се каже колку од нив се Сиријци, колку Либијци, а голем дел се специјалци од озлогласената група Вагнер.

– Она што можам да ви го кажам е дека видовме одреден трансфер од овие области, Сирија и Либија, во источниот регион Донбас, и овие момци главно се користат како маса против украинскиот отпор – вели претставникот.






– Тоа е пешадија. Тие немаат никаква тешка опрема или возила – додава тој.

Од 600 до 3.000 долари плата, зависно од искуството

На сириските поранешни војници им се понудени месечни плати од 600 до 3.000 долари, во зависност од чинот и искуството, за да се борат во Украина. Се наведува дека Вагнер ги преселиле повеќето свои војници кои се бореле во Либија во Украина, а минатиот месец украинското воено разузнавање тврди дека Русија склучила договор со либискиот воен лидер Калифа Хафтар, поддржан од Москва, да испрати либиски борци.

Русија цели да заземе што повеќе од Донбас до воената парада на 9 мај во Москва во чест на антифашистичката борба. Тогаш Путин ќе сака да прогласи барем некаква победа во војната.

 

фото: твитер/принтскрин

Четирите цели на војната

Се смета дека Кремљ има четири цели во оваа втора фаза од војната во Украина, рече европскиот функционер: заземање на Донбас, обезбедување копнен мост до Крим во кој опколениот град Мариупол е клучен, заземање на Херсонската област за да се обезбеди снабдувањето на слатководни води до Крим и заземање дополнителна територија што би можела да се користи како тампон или средство за договарање во преговорите.

Русија има уште добри три четвртини од силите

Процените се дека Русија сè уште има три четвртини од вооружените сили со кои ја започна војната во февруари: 76 тактички групи на баталјони, вкупно околу 60.000 војници. Сепак, западните власти велат дека руската армија се соочува со многу од истите ограничувања што доведоа до нејзин пораз во битката за Киев и северот.

Клучно е снабдувањето, војниците зависат од железницата

Има логистички предизвици, иако линиите за снабдување до Донбас се пократки, а многу ќе зависи од состојбата на патиштата и железницата.

– Треба да имате на ум дека руската армија е многу зависна од железницата и дека железничката мрежа многупати била цел на отпорот – рече европскиот претставник.

– Понатаму, моралот во руските редови е низок и се намалува – продолжува тој.

– Не им се допаѓа оваа војна бидејќи не им се допаѓа идејата да се убиваат луѓе кои зборуваат руски. Тие изгубија многу другари на север и го загубија морнаричкиот крстосувач „Москва“ – објаснува претставникот.

фото: твитер/принтскрин

Русите немаат целосна контрола на небото

Трето, Русите сè уште немаат загарантирана воздушна супериорност, така што не можат да обезбедат постојана блиска воздушна поддршка за нивните трупи на теренот, рече претставникот.

– Руските команданти се обидуваат да го уништат последниот баталјон на украинските маринци во Мариупол за да ги ослободат војниците да туркаат на север со цел да ги отсечат украинските сили кои се борат во Донбас – изјави за новинарите во вторникот висок претставник на американската одбрана.

Официјалниот претставник рече дека, сепак, не мора да значи дека тоа ќе се случи, посочувајќи дека украинската војска секојдневно се надополнува со ново вооружување.

Пристигнува нова помош од САД

По разговорот со сојузничките лидери, американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе ѝ дадат на Украина хаубици со долг дострел, за кои американскиот одбранбен претставник рече дека ќе пристигнат „многу, многу наскоро“.

Официјалниот претставник додаде и дека седум авиони со опрема, дел од пратката од 800 милиони долари одобрена минатата недела, ќе почнат да пристигнуваат во следните 24 часа. Од Пентагон соопштија дека Украина неодамна добила авиони, но не од САД. Меѓутоа, Вашингтон испорача резервни делови за авионите за да им помогне да се вивнат во воздух.

Поврзани содржини