РУСИЈА РАБОТИ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ ХИВ Голема надеж за милиони заболени
Рускиот центар „Гамалеја“ започна развој на вакцина против ХИВ. Истражувањето е во рана фаза, а научниците веќе тестираат имунолошки одговор.
Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој работи во рамките на руското Министерство за здравство, започна развој на вакцина против ХИВ.
Според Владимир Гушчин, заменик-директор задолжен за истражувања во центарот, проектот се наоѓа во почетна фаза, а научниците веќе работат на испитување на имунолошкиот одговор кај експериментални животни.
– Раната фаза на развој на домашна вакцина против ХИВ е во тек. Ќе ја проучуваме во следните две години и ќе ги соопштуваме резултатите. Ја анализираме варијабилноста на вирусот кај населението и мора да ги земеме предвид овие податоци при развојот на вакцината – изјави Гушчин.
Тој објасни дека целта е да се создаде имунолошки одговор со широк спектар на антивирусно дејство, кој би делувал против различни варијанти на ХИВ.